Никола Јокиќ во изминатата вечер уфрли 35 поени и стана првиот играч со најмалку 2000 поени, 1000 скокови и 500 асистенции во една сезона од најсилното кошаркарско натпреварување.
Јокиќ со формата со која игра во текот на сезоната е еден од главните фаворити за освојување на МВП титулата, а во победата против Мемфис од 122:109 уфрли 35 поени. Со овие 35 поени тој оствари достигнување кое не е постигнато во изминатите 75 години во една сезона во НБА.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Покрај 35 поени Јокиќ додаде 16 скокови и шест асистенции, а со оваа победа 48. во сезоната Денвер ја обезбеди шестата позиција пред плеј-офот. Освен Јокиќ солидна вечер имаше Арон Гордон кој постигна 22 поени, Вили Бартон уфрли 16. Во редовите на поразениот тим најефикасен беше Десмонд Бане со само 14 поени.
Во дербито на источната конференција и комплетната НБА вечер Милвоки со 127:121 славеа против Бостон и како што стојат работите го обебзедија второто место пред Селтикс, додека Мајами остана лидер.
Јанис Антетокумпо имаше 29 поени и 11 скокови во редовите на победничкиот тим, а Џру Холидеј даде свој допринос со 29 поени, осум скокови и осум асистенции. Крис Мидлтон уфрли 22 поени со осум скокови и девет асистенции. Во редовите на гостите Маркус Смарт запиша 29 поени, Џејлен Браун 22 поени, 10 скокови и 11 асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Орландо 128:101, Милвоки – Бостон 127:121, Торонто – Филаделфија 119:114, Минесота – Сан Антонио 127:121, Њу Орлеанс – Портланд 127:94, Денвер – Мемфис 122:109, Голден Стејт – Лејкерси 128:112.