Никола Јокиќ синоќа беше неверојатен и запиша 50 поени против Сакраменто.
Така Јокиќ стана рекордер по број на поени кога се во прашање кошаркари од поранешна Југославија во НБА лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа беше личен рекорд за српскиот центар, но не беше доволно да се победи Сакраменти, кој славеше со 119:114.
„Не бев толку агресивен, колку што бев фокусиран на натпреварот. Бевме ослабени, неколку млади играчи за прв пат добија шанса. Се обидов да им помогнам. Не знам дали успеав во тоа.“ – рече Јокиќ.
Со оглед дека има просек од 27,2 поени, 11,5 скокови и 8,6 асистенции, кандидат е за МВП наградата.
„Воопшто не размислувам за МВП трката. Фокусиран сум само на следниот натпревар. Не сме екипа која може да си дозволи луксуз да го загуби лесно бил кој натпревар.“ – додаде Јокиќ.