Дома Останати Кошарка Никола Јокиќ кандидат за играч на месецот во НБА!

Никола Јокиќ кандидат за играч на месецот во НБА!

jokic

Никола Јокиќ зад себе го има најдобриот месес од кога е во НБА лигата.

Веројатно љубителите на кошарката се сеќаваат на јануари 2017 година кога Никола Јокиќ го покажа својот голем потенцијал.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Центарот на Денвер минатата година просечно забележуваше по 23.9 поени, 11.1 скокови и 3.9 асистенции по натпревар.

Од почетокот на оваа година се очекуваше многу оваа година, па се одеше некако малку поспоро. Како крилен центар пристигна Пол Милисап и беше потребно да се створи одредена хемија помеѓу нив двајца.

Кога нивната соработка започна да биде повеќе продуктивна се случи повредата на поранешниот кошаркар на Атланта. Тренерот Малоун мораше да комбинира, па така Јокиќ играше во првата постава како четворка.

Неговите одлични настапи кулминација доживеаа изминатата вечер кога стигна до најбрзиот трипл-дабл во историјата и постигна 30 поени, 17 скокови и 15 асистенци со што влезе во одбранатото друштво на уште петмина кои имаат трипл дабл со учинок од над 30 поени, 15 скокови и 15 асистенции.

Токму поради тоа барем засега како што пренесуваат американските медиуми, Јокиќ истакна сериозна кандидатура за играч на месецот во НБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Антиќ се појави во Белград во дрес на Црвена Звезда

Кошаркарите на Црвена звезда се сретнаа во петокот навечер во белградската арена со Олимпи…