Дома Фудбал Англија Николас Џексон го шокираше Островот со изјавата по хет-трикот против Тотенхем

Николас Џексон го шокираше Островот со изјавата по хет-трикот против Тотенхем

Тимот на Челзи вчера во еден луд натпревар го победи Тотенхем со 1:4, а хет-трик на оваа средба постигна напаѓачот Николас Џексон.

Натпреварот беше полн со искри и големи борби, контроверзни одлуки, голови…Интересно беше што и по двата црвени картони остана до некаде рамноправен противник и беше блиску до израмнување на 2:2, Ерик Дајер и постигна гол, но беше поништен поради офсајд.

Но, вниамнието на јавноста го привлече и Џексон кој по хет-трикот истагна дека Челзи е најголемиот клуб во Англија, но и пошироко.

„Постигнав хет-трик за најголемиот тим во Англија и пошироко“, изјави екс-напаѓачот на Виљареал.

Секако, дека голем дел од фудбалската јавност нема да се сложи со напаѓачот, па веројатно и дел од навивачите на „сините“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…