Дома Фудбал Низок удар од Атлетико за градскиот ривал: Неверојатен почеток на доделувањето на оскарите!

Низок удар од Атлетико за градскиот ривал: Неверојатен почеток на доделувањето на оскарите!

Реал Мадрид вчера стигна до победа над тимот на Леванте со резултат 1:2, а „кралевите“ до овој триумф стигнаа со два гола од белата точка.

Посебно контроверзен пенал беше вториот досуден пенал над Касемиро.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Во 78-та минута главниот судија досуди најстрога казна сметајќи дека Докуре го удрил Касемиро, меѓутоа на повторената снимка се гледа дека судијата греши.

Колку оваа одлука е контроверзна покажува и објаснувањето од мадртиските медиуми (тука) кои им се наклонети на „кралевите“, тие тврдат дека пенал над Касемиро немало.

Новинарот на „Марка“, Андуах Оливер кој ги коментира спорните ситуации го порача следното:

„Немаше контакт помеѓу Дукуре и Касемиро. Повторените снимки јасно покажуваат дека судијата не требаше да досуди најстрога казна“.

Освен тоа „Марка“ направи и анкета на која учествуваа повеќе од 120.000 и дури 75% од истите го делат мислењето на Оливер.

За „АС“ ситуацијата ја објаснуваше поранешниот судија Итуралде Гонзалез.

„За мене тоа не беше пенал. Касемиро самиот падна, Дукуре замавна во воздух, а тој се најде на тревникот. Сигурен сум дека доколку судијата не покажеше на белата точка, ВАР немаше да реагира“.

На ваквиот пенал се огласија и од градскиот ривал Рела, Атлетико Мадрид. „Јорганџите“ ја искористија ситуација го поврзаа овој пенал со доделувањето на оскарите, настан кој се одржуваше вчера.

„Вечерва се одржува доделувањето на Оскарите, ова беше неверојатен почеток“, порачаа од Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фонсека откри дел од составот на Милан кој ќе ја нападне Ц. Звезда

Во среда од 21:00 часот на „Сан Сиро“ ќе се одигра натпреварот од шестото коло на Лигата н…