Maкедонската фудбалска репрезентација до 17 години претрпе убедливи пораз од Србија на пријателскиот турнир кој се играше на терените на ФФМ.
Иако изгубивме со 0:5 треба да се спомене дека имаве и тоа како шанси, сепак изостана реализацијата. Србија поведе со гол од пенал, па зголеми на 2:0. Поота следуваа неколку шанси за Македонија, погодивме пречка и статива, промашивме пенал…
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Србија имаше среќа и при пеналот затоа што Николашевиќ не реализираше, но топката се одби до него па доби шанса за поправен.
На 20 минути до крајот Србија дојде до 3:0, потоа во 85. Нов пенал за Србија, треба да се спомене дека реализираше Станковиќ, синот на легендарниот Дејан Станковиќ. Токму тој во самиот финиш ги постави и конечните 0:5.