Дома Фудбал Лига на шампиони Не чека ждрепка во ЛШ каква што не се памети: Големите гиганти како Барса и ПСЖ не спијат мирно

Не чека ждрепка во ЛШ каква што не се памети: Големите гиганти како Барса и ПСЖ не спијат мирно

Ждреката за осмина финалето во Лигата на Шампионите ќе биде одржана на 11. декември (следниот понеделник) во Нион.

Клубовите ќе бидат поделени на два сада. Во еден ќе има осум победници во групата, а во другиот осумте второпласирани екипи. Во осмина финалето меѓусебно не можат да играат клубови кои во првата фаза од натпреварувањето играа во иста група, ниту клубови од исти земји. Носителите на вторниот натпревар ќе играат на свој терен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во пресрет на ждрепката особено се загрижени Барселона и ПСЖ, фаворитете во натпреварувањрето кои релативно лесно го освоија првото место во своите групи. Имено, овие два европски гиганти имаат дури 33% шанса да го извлечат Челзи во осмина финалето, со оглед на тоа што клубот од Лондон не можат да играат против англиски претставник во осмина финалето (Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Тотенхем), а ниту со Рома од иста група, па останува изборот на Парижаните, Каталонците и Бешикташ.

Освен Челзи, тука се и Реал, Јувентус и Баерн како второпласирани екипи кои по секоја цена сакаат да побегнат од оние најуспешните во групната фаза, додека Базел се наметнува како идеален, а од другата страна Бешикташ е најпосакуваната првопласирана екипа во пресрет на нокаут фазата од натпреварувањето.

Првите натпревари од осмина финалето на распоредот се на 13, 13, 20 и 21. девруари, а вторите на 6,7, 13 и 14. март. Титулата шампион на Европа последните две сезони ја брани Реал Мадрид, а финалето оваа година е во Киев на 26. мај.

ПОБЕДНИЦИ ВО ГРУПАТА: Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Рома, Барселона, Манчестер Сити, Бешикташ, Тотенхем, Ливерпул.

ВТОРОПЛАСИРАНИ ВО ГРУПАТА: Базел, Баерн Минхен, Челзи, Јувентус, Реал Мадрид, Порто, Севиља, Шахтјор.

ПРЕМЕСТЕНИ ВО ЛИГАТА НА ЕВРОПА: ЦСКА Москва, Селтик, Атлетико Мадрид, Спортинг, Спартак Москва, РБ Лајпциг, Борусија Дортмунд, Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …