Дома Фудбал Останато Не чекаше долго: Буфон пронајде нов ангажман

Не чекаше долго: Буфон пронајде нов ангажман

Џанлуиџи Буфон ја заврши голманската кариера во дресот на Парма каде што во минатата сезона бранеше на 19 натпревари и прими 24 гола.

Поранешниот светски и европски шампион вкупно вои кариерата одигра 975 натпревари во клупската кариера и уште 176 во репрезентативната. Со Јувентус десет пати беше шампион на Италија и трипати финалист во Лигата на шампионите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Веднаш по завршувањето на кариера, Буфон пронајде и нов ангажман. Легендарниот голман ќе биде шеф на делегацијата на италијанската репрезентација, таа функција претходно ја извршуваше починатиот Џанлука Вијали.

Кариерата Буфон ја започна во Парма во 1995 година, потоа премина во Јувентус каде што беше до 2019 година, а по една сезона во ПСЖ повторно се врати во Торино, па на крајот повторно го облече дресот на Парма во 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини

Судот го прифати барањето на обвинителството и му изрече мерка притвор на Сејдини. „Основн…