Репрезентативната пауза донесе лоши вести за Барселона која остана без важен играч за „Ел Класико“.
Имено, тимот на Чави Ернандез за пресметката со Реал Мадрид во Ла Лига нема да може да смета на дефанзивецот, Андреас Кристенсен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кристенсен се повреди во настапот за Данска на стартот од квалификациите за Европското првенство 2024 година. Данска беше подобра од Финска со 3:1, а дефанзивецот мораше да го напушти натпреварот по само 18 минути игра.
Покрај Кристенсен за „Ел Класико“, Чави сигурно нема да ги има на располагање Педри и Осман Дембеле, а неизвесни се уште Френки Де Јонг и Роналд Араухо.