Дома Фудбал Лига на шампиони Не се плаши од Роналдо, бидејќи веќе го чувал – Брендон Баркер!?

Не се плаши од Роналдо, бидејќи веќе го чувал – Брендон Баркер!?

Десниот бек на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд во сабота ќе ја има една од најтешките задачи во денешниот фудбал – да го запре Кристиано Роналдо!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Арнолд ја игра сезоната на животот во која целиот свет слушна за него. Тој со својот Ливерпул стигна до големото финале во Лигата на шампионите каде што ќе мора да го чува

Кристиано Роналдо, но порача дека не е исплашен поради тоа бидејќи веќе го поминал најтешкиот пекол во својата кариера кога го чувал младинецот на Сити, Брендон Баркер!?

Тоа било пред неколку години кога Арнолд играл за тимот на Ливерпул до 21 година, во натпревар против врсниците од Сити, за него тоа бил еден од првите натпревари како бек. Со оглед дека одиграл катастрофално, тренерот морал да го замени, а младиот фудбалер порача дека и денес се сеќава на Баркер кој бил вистински кошмар за него на оваа средба.

„Тоа сигурно беше еден од најтешките натпревари за мене. За мене тоа беше еден од првите натпревари на позицијата десен бек. Не играв често на таа позиција. Играв против неверојатен тим и против неверојатен играч –Брендон Баркер. Тоа во мене буди лоши спомени, но таквите натпревари ти помагаат да учиш. Правиш грешки од кои учиш дека тоа во иднина не смее да ти се случува“, изјави Арнолд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Како да типувате на Светско првенство 2026? Погледнете на Kladenje.mk! (Видео)

Светското првенство 2026 ќе биде најголемото во историјата на фудбалот. За првпат ќе учест…