Дома Фудбал Не помага ни ВАР: Чапекоенсе остана без титула поради неверојатна грешка (видео)

Не помага ни ВАР: Чапекоенсе остана без титула поради неверојатна грешка (видео)

Бразилски Чапекоенсе повторно е во центарот на вниманието поради финалниот натпревар од државното првенство во Санта Катарина.

Чапекоенсе во финалето играше против Аваи и загуби после пенали, но мечот предизвика неверојатен скандал. Во центарот на вниманието се најде главниот судија поради одлука која на крајот го одлучи победникот.

Имено, резултатот во регуларниот дел беше 1:1 и после тоа се изведуваа пенали. Последниот пенал го изведе играчот на Чапекоенсе, Бруно Пачека, ја погоди пречката, а потоа топката влезе во голот.

Играчите беа сигурни дека е гол, но судијата го шокира сите. Дури погладна и ВАР, но на крајот пресуди дека топката не ја поминала целосно гол линијата.

Аваи после таа одлука го освои трофејот, но од Чапекоенсе најавија дека ќе се жалаат до Федерацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл се распрашува за Миранда, Јувентус ја следи истата цел

Левиот бек на Болоња е на радарот на Њукасл за јануари. Според „Тутоспорт“, англискиот клу…