Дома Фудбал Италија Не победи ли Јувентус, а победи Наполи – полицијата во Фиренца ја очекува многу работа!

Не победи ли Јувентус, а победи Наполи – полицијата во Фиренца ја очекува многу работа!

Пред само една недела Јувентус имаше шест бодови предност во однос на Наполи и во тие моменти изгледаше како трката за Скудетото да е завршена.

Сепак, подоцна следуваше ремито на Јувентус со Кротоне и поразот минатата недела во дербито против Наполи, па сега разликата помеѓу двата главни конкуренти е само еден бод во корист на „старата дама“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус во сабота од 20:45 часот гостува кај Интер кој се бори за место кое води во Лигата на шампионите. Доколку Интер успее да го запре Јувентус и актуелниот шампион не победи, Наполи во недела од 18:00 часот против Фиорентина ќе има прилика да избие на првата позоција на само три кола пред крајот.

Сите 2.500 влезници резервирани за Наполитанците од поодамна се распродадени, но и покрај тоа очекувањата се во Фиренца да пристигнат 10.000 гостински навивачи кои ќе се обидат на секој начин да стигнат до влезница.

Доколку се случи она што сите на југот на Италија го очекуваат, а тоа е Интер да земе барем бод во сабота, а Наполи да слави јасно е дека во Фиренца ќе следува вистински хаос на улиците.

napoli

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…