Дома Топ вести Не, не се шпекулации – стигна потврда: Буфон е во преговори со Бока Јуниорс!

Не, не се шпекулации – стигна потврда: Буфон е во преговори со Бока Јуниорс!

bufon

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон се уште не одлучил дали на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата, но изгледа е јасно дека од летото кое следи нема да биде член на Јувентус.

Буфон сонуваше да ја заврши кариерата ова лето по завршувањето на Светското првенство во Русија, но сето тоа беше упропастено кога Италија не успеа да се пласира на Мундијалот. Според пишувањето на италијанските медиуми, Буфон не донел конечна одлука за тоа дали ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната или ќе остане на фудбалската сцена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред неколку дена во медиумите се појави вест која шокираше многумина – Буфон кариерата би можел да ја продолжи во Аргентина и тоа во дресот на Бока Јуниорс. Дека тоа не се само шпекулации потврди и тренерот на овој клуб Гиљермо Барос Скелото.

„Претседателот Даниел Ангеличи ми кажа дека го побарал Буфон и дека разговоарале. Го прашал дали е заинтересиран да премине во Бока, но се договориле дека ќе разговараат кон крајот на мај. Тоа е се што можам да ви кажам во овој момент“, изјави тренерот на аргентинскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…