Дома Фудбал Англија Не заборави од каде доаѓа: Ѕвездата на Ливерпул исполни голема желба на своите пријатели (ФОТО)

Не заборави од каде доаѓа: Ѕвездата на Ливерпул исполни голема желба на своите пријатели (ФОТО)

Мохамед Салах и Вирџил Ван Дијк се најголемите ѕвезди на Ливерпул, но во последната недела еден играч ги засени Египќанецот и Холанѓанецот.

Трент Александер Арнолд поради фамозниот начин на кој го изведе корнерот во Лигата на шампионите беше топ тема во спортските медиуми, како на Островот така и во Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јирген Клоп, а сигурно и навивачите на Ливерпул во овој момент не помислуваат на барање друг десен бек.

„Црвените“ вчера го играа својот последен натпревар на „Енфилд“ во оваа натпреварувачка година. Со 2:0 беше победен Вулверхемптон, но тоа не беше доволно за освојување на шампионската титула бидејќи Манчестер Сити го победи Брајтон.

Откако натпреварот заврши, а трибините се испразнија Трент на теренот ги повика најдобрите пријатели и им испраќаше центаршути за да почуствуваат како е да се постигне гол на овој култен стадион.

Иако има 20 години тој стана вистинска ѕвезда на Премиер лигата и очигледно не заборави од каде доаѓа.

Инаку, после натпреварот беше разочаран што Ливерпул ниту после скоро 30 години не ја освои титулата шампион.

„Разочаран сум, ова е тешко да се прифати, но Сити покажа дека е еден од најдобрите светски тимови. Неверојатно е како не сме шампиони со толку освоени бодови“, изјави Арнолд.

Ливерпул оваа сезона го очекува уште еден голем натпревар, а тоа е финалето во Лигата на шампионите во Мадрид против Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…