Дома Фудбал Репрезентации Не е само Касами: Косово пред Македонија има листа од 11 фудбалери?

Не е само Касами: Косово пред Македонија има листа од 11 фудбалери?

Селекцијата на Косово ќе игра против нашата репрезентација во рамките од полуфиналето во Лигата на Нации од каде што некоја репрезентација ќе избори настап на Европското првенство.

Албанските медиуми вчера пишуваа дека Пајтим Касими може да го засили Косово пред овој натпревар, а сега се појави и надополнување на оваа вест. Наводн ово Косово ја разгледуваат можноста и имаат листа на засилувања од 11 фудбалери.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Весникот „Зери“ објави дека во преден план се: Кемал Адеми (Базел), Барстиен Тома и Пајтим Касами (Сион), Томи Догмони (Цирих) и Анди Зекири (Лозана). Покрај нив луѓето во оваа репрезентација ги следат уште: Адријан Никичи и Амир Саипи (Шафхаузен), Кастриот Имери (Сервет), Тисијан Туши (Базел) Лавдрим Зумбери (Цирих) и Бледан Красниќи (Вил).

Се пишува дека тешко ќе му биде на Косово да ги убеди овие фудбалери да изберет да настапуваат за најмладата репрезентација во Европа.

Ќе потсетиме, оние фудбалери кои имаат право да играат за Косово можат да ја изберат оваа репрезентација доколку од моментот кога Косово стана членка на УЕФА и ФИФА не одиграле натпревар за друга репрезентација. Македонија и Косово баражот за Лигата на Нации го играат на 26-ти март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Германците тврдат: Клоп по Ливерпул ќе стане селектор?!

Германските во текот на вчерашниот и денешниот ден пренесуваат дека Јирген Клоп најверојат…