Бразилскиот ас Винисиус Жуниор важеше за прв фаворит за „Златната топка“ се до вчера, но на крајот остана без престижната награда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Не го криеше разочарувањето Винисиус и со реакцијата на социјалните мрежи, a медиумите денеска дополнуваат и дека бил толку убеден во победата што и резервирал хотел за забава. Исто така на пријателите им ветувал и „Ролекс“ часовници.
Разочарувањето за Винисиус може да биде и поголемо затоа што Бразилецот имал клазула според која требало да добие еден милион евра бонус ако ја освои „Златната топка“.
Таква клазула во минатото во Реал Мадрид имаше и Карим Бензема кој успеа да ја освои и го доби бонусот.
Бразилецот беше блиску, меѓутоа вчера доживеа вистински шок.