Дома Фудбал Англија Не е ова Јунајтед: Мојес сериозно смета на услугите на Чичарито

Не е ова Јунајтед: Мојес сериозно смета на услугите на Чичарито

Кога Дејвид Мојес го презеде Вест Хем, започнаа шпекулациите дека тоа би можело да биде лошо за Хавиер Ернандез Чичарито, кој шкотскиот стратег и не го памти по најдобро од времето во Манчестер Јунајтед.

Чичарито често беше на нимилост кај Мојес, кој не му веруваше. Во сезоната 2013/2014., Чичарито под палка на Мојес само шест пати беше стартер во ПЛ и два пати во ЛШ, по што Мексиканецот се пожали, велејќи дека на „Олд Трафорд“ не сметаат на него.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, Чичарито не беше на клупата не затоа што Мојес не го сака, туку поради тогаш силната конкуренција во Јунајтед.

„Чичарито е врвен голгетер, вистински егзекутор. Ми беше тешко да му пронајдам минути во Манчестер Јунајтед, бидејќи конкуренцијата беше жестока. Само сетете се дека ги имавме Ван Перси, Руни, Велбек, Кагава… Ќе го третирам на ист начин ако заслужи – секогаш ќе биде во екипата“, истакна Мојес на тема Чичарито.

Мексиканецот пристигна во Вест Хем од Баер Леверкузен оваа сезона и досега на 13 меча постигна 4 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…