На Интер му е неопходна победа против Барселона во последното коло од ЛШ, а шансите за такво нешто се зголемуваат откако Каталонците го објавија составот.
Не е Барса Б, но не е и најасилниот состав. Барселона во Милано ќе гостува без Меси. Валверде одлучи да го одмори Аргентинецот во шестото коло од Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај Меси повик не добија Жерар Пике и Серхио Роберто, а од поодамна надвор од тимот се Осман Дембеле, Артур, Алба и Нелсон Семедо. На шанса во Милано ќе се надеваат младите играчи како: Ансу Фати, Инаки Пења, Карлес Перез, Рики Пуиг, Роналд Араухо и Дани Морера.
Навивачите на Интер се надеваат на победа бидејќи само таа им гарантира место во топ 16 доколку Борусија славија против Славија.