Изгледа дека хрватскиот фудбалер, Матео Ковачиќ сепак би можел да остане во редовите на Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ниту изминатата сезона, Ковачиќ не добиваше преголема минутажа на „Сантијаго Бернабеу“ и наводно од управата на Реал побарал да го пуштат, меѓутоа во „кралскиот клуб“ тоа го одбиле. Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Перез му кажал на Ковачиќ дека не сака да прифати ниту една понуда за него, што во превод значи дека во Мадрид сепак долгорочно сметаат на него.
Изминативе недели, Ковачиќ се поврзуваше со многу клубови, особено со Ливерпул, Јувентус и Милан, но од трансферот немаше ништо. Потсетуваме, Ковачиќ е член на Реал Мадрид од 2015. година кога пристигна од Интер.