Дома Останати Кошарка НБА Не беа доволни 39 поени на Кари: Индијана го изненади Голден Стејт

Не беа доволни 39 поени на Кари: Индијана го изненади Голден Стејт

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа три натпревари, а во сите три победи запишаа гостинските екипи.

Далас запиша пораз дома од Феникс со 101:109, најефикасен на натпреварот беше Девин Букер со 28 поени. На спротивната страна Лука Дончиќ стигна до ист број на поени, Крис Пол уфрли 20.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Њу Орлеанс на гости беше подобар од Њујорк Никси со 91:102. Најрасположен тука беше Валациунас со дабл-дабл учинок од 18 поени и 10 скока.

Изненадувањето на вечерта го приреди тимот на Индијана. Индијана после продолжениа успеа да слави против Голден Стејт со 117:121. Најдобар во победничките редови беше Дуарте со 27 поени, за Голден Стејт не помогнаа ниту 39-те поени на Стеф Кари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…