Дома Топ вести Нејмар ја уценувал Барса за да се откаже од милионите кои ги бара

Нејмар ја уценувал Барса за да се откаже од милионите кои ги бара

Барселона и Нејмар не успеаа да најдат заеднички јазик за спорот, па сега целиот случај ќе се префрли на суд.

Ова го открија адвокатите на каталонскиот клуб после последната средба со претставниците на Нејмар, која беше вчера во Барселона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како што е познато, напаѓачот на ПСЖ бара бившиот клуб да му исплати 26 милиони евра. Бразилецот го тужи каталонскиот клуб за неисплаќање на целосната сума од бонусот, кој според клаузулата му следувал. Според договорот Нејмар требало да добие 40 милиони евра како бонус за „лојалност“ за веќе одработениот договор, кој имаше важност до 2022 година.

На 2-ри август 2017 година Нејмар ја откупи клаузулата вредна 222 милиони евра, за да се пресели во Пари Сент Жермен. огаш Бразилецот доби 16 милиони евра од споменатите 40, па сега од клубот бара да му бидат исплатени останатите 26 милиони евра.

Бразилецот и понудил на Барса да и ја опрости оваа сума и да ја повлече тужбата во замена за ветување дека ќе се врати на Камп Ноу. Нејмар побарал писмена гаранција дека Каталонците ќе го купат следното лето, услов кој сепак не бил прифатлив за Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ништо од Милан: Лопетеги се врати во Премиер лигата

Хилиен Лопетеги се поврзуваше со Милан, но на крајот се врати во Премиер лигата, Шпанскиот…