Дома Фудбал Нејмар се прости од Меси: Не испадна како што се надевавме…

Нејмар се прости од Меси: Не испадна како што се надевавме…

Лионел Меси во иднина нема да го носи дресот на ПСЖ.

Тоа стана и официјално, а Аргентинецот сега има можност да избере нов клуб. Веројатно тоа ќе биде Барселона или некој богат клуб во Саудиска Арабија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јасно е дека доаѓањето на Меси во Франција не се покажа како вистинскиот потег за него, а тој беше исвиркан од навивачите на крајот од сезоната.

Соиграчите се простија од него, а особено емотивен беше Нејмар.

Брат… Не испадна како што се надевавме, но дадовме се од себе. Беше задоволство да играм со тебе уште две години. Среќно во новата фаза од животот, се надевам дека ќе бидеш среќен. Те сакам“, напиша Нејмар.

Меси му се заблагодари и рече дека му посакува се најдобро и дека е голема ѕвезда, но и прекрасна личност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…