Пари Сен Жермен со вчерашниот пораз од Реал Мадрид со резултат 1:2 се прости од Лигата на шампионите уште во 1/8 финалето.
Овој резултат за ПСЖ може да се нарече вистинска мала катастрофа со оглед на тоа колку пари беше вложено во овој тим изминатото лето, иако испаѓањето од еден Реал Мадрид во никој случај не е срамно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, јасно е дека оваа сезона во Париз ќе биде прогласена за неуспешна. Можеби ќе беше понаку доколку Нејмар беше во можност да настапи, но тоа сега се само претпоставки…
Нејмар се огласи на друштвените мрежи непосредно по поразот на „светците“.
„Тажен сум поради поразот, а уште потажен што не бев во можност да бидам на теренот и да му помогнам на својот тим. Сепак, ме прави горд тоа што видов дека сите се трудевте. Им честитам на сите играчи“, напиша Нејмар со порака „Allez Paris“.