Дома Фудбал Останато Нејмар се враќа на терените порано од очекуваното

Нејмар се враќа на терените порано од очекуваното

Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар ќе се врати во игра за тимот на ПСЖ до крајот на април, објавија медиумите во Франција.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


26-годишниот Бразилец заработи тешка тешка повреда на стапалото пред еден месец и беше опериран, па моментално се рехабилитира. Првичните очекувања беа дека Нејмар ќе се врати на терените за Светското првенство во Русија.

Меѓутоа, рехабилитацијата се одвива побрзо од очекуваното, па можно е Нејмар да се врати на терените во француското првенство на крајот на месец април.

Во оваа сезона, Нејмар има 30 натпревари за ПСЖ и 29 постигнати голови, како и 3 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анри се плаши да проговори – дали судиите го штитат Сити во борбата за титулата?

Легендарниот Тјери Анри како аналитичар секогаш ја кажува својата мисла, но овој пат реши …