Дома Фудбал Останато Нејмар: Сакам да играм со Азар!

Нејмар: Сакам да играм со Азар!

Бразилската ѕвезда на Пари Сент Жермен повторно крена прашина и ја доведе под знак прашалник својата идниата со најновата изјава.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Нејмар беше запрашан од страна на новинарите да одбере еден фудбалер со кого би сакал да игра во ист тим.

Азар е многу интересен фудбалер, има сличен стил на игра како мојот. Голема желба ми е да заиграм во иста екипа со него“, изјави Нејмар.

Според шпанските медиуми Азар од следната сезона готово сигурно ќе игра во Реал Мадрид, па ваквата изјава на Нејмар се толкува како да му се додворува на „кралевите“.

Нејнар во ова интервју ја објасни и причината зошто решил да ја напушти Барселона и да се пресели во ПСЖ.

„Си заминав затоа што ми беше потребен нов предизвик, да победувам, нешто ново, да најдам други пречки, потешкотии. Барса е клуб кој отсекогаш ме воодушевувал, се уште го сакам. Беше навистина тешко да си заминам, имаше моменти каде се двоумев и си велев дека нема да си одам. Така беше две недели пред да одлучам да заминам во Париз“, истакна Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алонсо договори големо засилување: Пристигнува „ѕвер“ од 134 милиони евра

Чаби Алонсо им нареди на челниците на Челси да доведат голема ѕвезда од лутите ривали која…