Дома Фудбал „Нејмар пред да се врати во Барселона треба да се извини, кога заминуваше не кажа на никого“

„Нејмар пред да се врати во Барселона треба да се извини, кога заминуваше не кажа на никого“

Жорди Мастре поранешниот претседател на Барселона за „Мундо Депортиво“ помеѓу останатото зборуваше и за ситуацијата во која Нејмар сакаше да се врати во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е добро познато Нејмар за 222 милиони евра направи трансфер во ПСЖ и тоа се уште е најскапиот трансфер на сите времиња.

Меѓутоа, минатото лето Бразилецот изрази желба да се врати клубовите преговараа, но на крајот не постигнаа договор, па беше приморан да остане во Париз.

Мастре сега зборуваше за Нејмар и откри детали од времето кога Нејмар заминувал.

„Ако гледам од емотивна страна тој не треба да се врати. Но од спортска, треба да се врати. Сепак сигурно дека ќе треба да се извини. Кога заминуваше не кажа на никого. Ова лето почна да плаче и кажа дека сака да се врати“, откри Местре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бројките велат, Нејмар е и тоа како важен за Бразил!

По подолго време, Нејмар се врати на теренот играјќи за бразилската репрезентација и ведна…