Дома Трансфер зона „Нејмар повеќе го сака Париз, отколку ПСЖ“- Французите најавуваат заминување

„Нејмар повеќе го сака Париз, отколку ПСЖ“- Французите најавуваат заминување

Бразилецот Нејмар од наредната сезона најверојатно нема да биде фудбалер на ПСЖ, пренесува францускиот „Л’Екип“.

Напаѓачот пристигна во редовите на ПСЖ за рекордни 222 милиони евра. Челниците на ПСЖ сметаа дека така прават важен чекор кон освојувањето на Лигата на шампионите. Меѓутоа, ПСЖ и понатаму чека на најважниот клупски трофеј во европскиот фудбал. Нејмар е означен токму како еден од главните виновници.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Неодамна после елиминацијата од Реал Мадрид доби жестоки свирежи од навивачите кои му замеруваат дека не се труди доволно.

„Сопствениците од Катар се незадоволни. Не им се допаѓа начинот на живот на Нејмар. Се добива впечаток дека повеќе размислува на забавите отколку на фудбалот. Повеќе го сака како Париз како град, отколку ПСЖ“, пишува „Л’Eкип“.

Прашање е каде Нејмар ќе ја продолжи кариерата. Најголемиот проблем се неговите огромни примања и нема многу клубови кои можат да ги исполнат неговите финансиски услови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола носи фантастична замена за Родри

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред,…