Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар призна дека со нетрпение ги чека натпреварите против Реал Мадрид во Лигата на шампиони.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Првиот меч на „Сантиаго Бернабеу“ се игра точно за 10 дена, а Бразилецот е амбициозен да покаже дека со него во тимот ПСЖ може да го елиминира европскиот шампион.
„Со нетрпение чекам да играме против Реал Мадрид. Едвај чекам да дојде тој натпревар“, изјави Нејмар.
Според експертите, но и букмејкерите ПСЖ е фаворит во тој дуел, но Реак Мадрид е актуелен европски шампион и сигурно не може да се отпише лесно.