Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар се појави во полициската станица во Рио Де Женеиро за да даде изјава за обвиненијата од Најалија Триндаде.
Најалија тврди дека на 15-ти мај во хотел во Париз била си*увана од Нејмар. Таа објасни до дека му зборувала да престане, но дека тој си не ја слушал и продолжил.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кога прашав дали носи заштита (презерватив) ми кажа дека не носи. Затоа му кажав дека ништо нема да се случи. Но тој продолжи со чинот. Му викав: Застани, застани, не! Застани. Но тој не зборуваше многу и продолжи. Само сакам правда. Под трауми си сум поради она што ми го направи“, изјави Најлија.
Во меѓувреме се појави и видео од хотелската соба.
EXCLUSIVO! Assista ao vídeo da suposta briga entre Neymar e modelo que o acusou de agressão e estupro #JornalismoRecord #JornalismoVerdade pic.twitter.com/0K7N4mZe2X
— Record TV (@recordtvoficial) June 6, 2019
Адвокатката на Нејмар, Меира Фернандез даде и изјава.
„Нејмар штотуку даде изјава. Тој дојде да даде изјава за работата да се разјасни. Апсолутно сме убедени дека ќе се докаже невиноста на мојот клиент“, порача адвокатката на Нејмар.
Зборувајќи пред вратата на полициската станива Нејмар изјави:
„Ја ценам поддршката и сите пораки кои ми пристигнуваат од целиот свет. Сакам да им се заблагодарам за убавите желби“, изјави Нејмар.
Нејмар тврди дека е жртва на една преварантка која од него само сака да изнуди пари.