Дома Топ вести Нејмар кратко и јасно одговори на понудата: Да, да и да…

Нејмар кратко и јасно одговори на понудата: Да, да и да…

Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар се наоѓа на излезните врати во ПСЖ, а повеќе нема дилема каде ќе ја продолжи кариерата.

Бразилецот повторно ќе го облече дресот на Барселона. Заинтересираните страни веќе разговарале и Нејмар е спремен за спектакуларно враќање.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонски Спорт добил потврда дека преговорите се направени и пренесува само кратка информација од разговорите.

„Да, да и да. Нејмар потврди дека сака назад во Барселона.“ – пишува каталонскиот весник.

Да потсетиме, Нејмар во летото 2017. година го напушти Камп Ноу и замина во ПСЖ во трансфер вреден 222 милиони евра.

Цената сега е нешто помала. Таа изнесува 150 милиони евра, но Барса е спремна да понуди и размена на играчи во која би биле вклучени Дембеле и Кутињо.

Наводно, ПСЖ нема ништо против, па нема да биде чудо ако Нејмар повторно го облече дресот на Барса.

Нејмар од 2013. до 2017. година постигна 105 погодоци во 186 натпревари за Каталонците, додека во дресот на ПСЖ одигра 80 натпревари и 69 пати ја затресе противничката мрежа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

На натпреварот помеѓу Интер и Торино во Серија А се испиша историја

На денешниот натпревар помеѓу Интер и Торино кој започна со почеток во 12:30 часот беше ис…