Дома Фудбал Нејмар и Донарума се фатиле за гуша во соблекувалната

Нејмар и Донарума се фатиле за гуша во соблекувалната

Пари Сен Жермен доживеа елиминација во Лигата на шампионите, а еден од најголемите виновници за пресвртот на Реал Мадрид е голманот Џанлуиџи Донарума.

Италијанскиот голман загуби топка во шеснаесетникот по што следеше гол на Бензема, што беше и клучен момент на мечот.

По завршувањето на мечот претседателот Ал Келаифи беснеел и ги нападнал судиите, а жестоко било и во соблекувалната на ПСЖ.

Нејмар во соблекувалната му се нафрлил на Донарума и го обвинил за грешката, а тој му возвратил дека се шетал по теренот и му дозволил на Модриќ да одработи противнапад за вториот гол на Реал Мадрид.

Вербалната пресметка за малку ќе преминела во физички конфликт, но соиграчите ги разделиле двајцата фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ромарио удри по Анчелоти: Бразил не смее да жртвува уште едно Светско!

По поразот од Јапонија со 3:2, Ромарио побара селекторска смена. Анчелоти има договор до м…