Хорхе Хесус, тренерот на Спортинг Лисабон изјави дека во Барселона не пронашле соодветна замена за Нејмар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Зборувајќи за зилувањата на Барселона во летниот преоден рок, овој 63-годишен стратег, помеѓу останатото, истакна дека челниците на каталонскиот клуб направиле грешка со продавањето на Нејмар. Според него, Дембеле кој пристигнал како замена, не е на ниво на Нејмар.
„Нејмар е еден од најголемите. Јас сум еден од ретките кои верува дека е еден од најдобрите на светот“, истакна Португалецот додавајќи:
„Дембеле не е ист како Нејмар. Тој е добар играч, но не е креатор. Никогаш не можеш да дозволиш, играч како Нејмар да замине, бидејќи Барселона е послаба без него“.
Спортинг и Барселона ќе се сретнат утре во рамки на 2то коло од групната фаза во ЛШ, а на Хесус во тие рамки не му недостасува оптимизам.
„Суарез, Меси и Нејмар се играчи кои на своите притивници не им даваат никакви шанси. Без Бразилецот, имаме уште еден проблем помалку, но тука се Иниеста и останатите. Сигурно ќе одиграме добро против нив. Убедени сме дека можеме да дојдеме до бодови“, заклучи Хесус.