Дома Фудбал Франција Нејмар им одговори на критичарите: Вака одиграв затоа што бев пијан

Нејмар им одговори на критичарите: Вака одиграв затоа што бев пијан

Конечно напаѓачкото трио на ПСЖ, Меси-Мбапе-Нејмар за викендот против Лориент во победата од 5:1 одигра како што се очелува.

Меси постигна еден гол, Нејмар два, а Мбапе запиша три асистенции. Посебно внимание привлече голот на Нејмар кога Бразилецот ги постави конечните 5:1 во 90. минута. Нејмар ја прими топката на својата половина, ги измеша одбранбените играчи и после двојно додавање со Мбапе го псотигна неговиот седми гол во сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По овој натпребар Бразилецот остави интересен коментар на социјалните мрежи: „Сето ова функционираше затоа што бев пијан…како што би кажале медиумите тука“.

Овој коментар на Нејмар доаѓа поради пишувањата на францускиот новинар Даниел Риоло кој пред неколку дена пишуваше за колапс во соблекувалната на ПСЖ, а посебно го истакна Нејмар за кого тврдеше дека доаѓал пијан на тренинзите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…