Дома Фудбал Лига на шампиони Нејмар има што да каже: Еве ја пораката на Бразилецот до Реал Мадрид

Нејмар има што да каже: Еве ја пораката на Бразилецот до Реал Мадрид

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар порача дека неговата цел е да го елиминира Реал Мадрид од Лигата на шампионите и така да испише историја.

Реал е двократен во низа европски првак, освои три титули во Лигата на шампионите во четири години, така што оваа е вистински предизвик за Парижаните.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Знаеме дека натпреварот ќе биде тесен, Реал има екипа која е долго заедно, освоија три титули во ЛШ заедно, но јас знам како да ги победам. Сакаме да испишеме историја и ќе направиме се за да победиме“, истакна Нејмар.

Тој исто така се осврна на потенцијалното освојување на „Златната топка“.

„Тоа не зависи само од мене, туку и од моите соиграчи и што ќе направиме заедно до крајот на сезоната. Секако, Мундијалот е многу важен, но најпрво мораме добро да ја завршиме сезоната во Париз“, истакна Нејмар.

За потсетување, Нејмар веќе некое време се поврзува со преминување во Реал Мадрид, но засега тоа се само гласини.

Првиот меч на Реал и ПСЖ на програмата е на 14. февруари, а реваншот три недели подоцна во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…