Дома Фудбал Останато Нејмар е сериозен: Испрати тужба до Барселона – Си ги сака ветените пари!

Нејмар е сериозен: Испрати тужба до Барселона – Си ги сака ветените пари!

neymar

Нејмар испраќаше закани до Барса, во Каталонија до овој момент ги игнорираа, но Бразилецот покажа дека е сериозен во својата намера.

Како што е познато Нејмар минатото лето со трансферот во ПСЖ стана најскапиот фудбалер во историјата (222 милиони евра).


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Веќе пишувавме и добро познато е дека во договорот со Барселона Нејмар имаше клазула според која доколку остане член на Барса до 1 август треба да добие 26 милиони евра. Нејмар трансферот во ПСЖ го направи неколку дена по истекот на оваа клазула и сега си ги бара парите.

Барселона до сега одбиваше да му ги плати, па според информациите на „Ел Мундо“ најскапиот фудбалер и официјално ги тужел Каталонците.

Од друга страна пак Барса достави исто така тужба според која тие веруваат дека Бразилецот прекршил неколку точки од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…