Дома Топ вести Нејмар денес пристигна во Барселона, утре е важен ден за Бразилецот!

Нејмар денес пристигна во Барселона, утре е важен ден за Бразилецот!

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар денес пристигна во Барселона поради службени обврски, пренесува „Марка“.

Утре во 9:45 часот тој треба да се појави пред судот поради делото кое го води против фудбалскиот клуб Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот го тужи каталонскиот клуб за неисплаќање на целосната сума од бонусот, кој според клаузулата му следувал. Според договорот Нејмар требало да добие 40 милиони евра како бонус за „лојалност“ за веќе одработениот договор, кој имаше важност до 2022 година.

На 2-ри август 2017 година Нејмар ја откупи клаузулата вредна 222 милиони евра, за да се пресели во Пари Сент Жермен.

Тогаш Бразилецот доби 16 милиони евра од споменатите 40, па сега од клубот бара да му бидат исплатени останатите 26 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…