Дома Топ вести Нејмар би можел кариерата да ја заврши во ПСЖ

Нејмар би можел кариерата да ја заврши во ПСЖ

Претседателот на шпанската Примера, Хавиер Тебас верува дека Нејмар ќе ја заврши кариерата во ПСЖ доколку не ги намали своите финансиски барања.

Тебас ја даде оваа изјава како одговор за причините зашто не успеа трансферот во Барселона ова лето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нејмар во текот на летото сакаше да се врати во Барселона, за него беа заинтересирани и Реал Мадрид и Јувентус, но Бразилецот на крајот остана во ПСЖ.

„Ако се гледаат финансиските причини, Нејмар кариерата ќе ја заврши во ПСЖ, освен доколку не ја намали својата плата и побарувањата од клубот“, истакна Тебас.

„Проблем со пропаднатото враќање во Барселона има врска со неговото заминување во ПСЖ. Тоа би бил трансфер надвор од пазарот и единствено би бил возможен со „замки“ со цел да се зголемат спонзорствата. Кога тоа ќе го направиш надвор од пазарот, невозможно е повторно да го продадете за оваа цена“, заклучи Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…