Дома Топ вести Нејмар: Ал Хилал е голем клуб со фантастични навивачи

Нејмар: Ал Хилал е голем клуб со фантастични навивачи

По шест години во дресот на Пари Сен Жермен, Нејмар во текот на вчерашниот ден го комплетираше трансферот во редовите на АЛ Хилал.

Бразилецот се пресели во Ал Хилал ладе што ќе заработува 200 милиони евра фиксна плата, но со бонусите во договорот неговата заработка може да дојде и до 350 милиони евра. Нејмар ја даде и првата изјава по потписот за саудискиот клуб.

„Доаѓам тука да испишам нова приказна, првенството на Саудиска Арабија бележи прогрес со квалитетни играчи. Мислам дека доаѓам на правото место во вистинско време.

Ал Хилал е голем клуб со фантастични навивачи, најдобриот во Азија. Чувствувам дека ова е вистинскиот избор, сакам да постигнувам голови и да победувам, ќе продолжам да го правам тоа во Саудиска Арабија“, изјави Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Почетино задоволен од напредокот на репрезентацијата на САД

Маурисио Почетино е воодушевен од хемијата што се развива во репрезентацијата на САД пред …