Дома Фудбал Нестор: Постигнав победнички гол, се надевам дека ќе играм повеќе

Нестор: Постигнав победнички гол, се надевам дека ќе играм повеќе

Удинезе благодарение на голот на македонскиот напаѓач Илија Нестровски вчера го победи Торино со 3:2 со што стигна до третата победа во низа во Серија А.

Нестор вчера доби половина час, во игра влезе во 61. минута, а осум минути подоцна постигна гол.

„Навистина голема сатисфакција. Игравме одлично и тогаш набрзина примивме два глупави голови, добро е што покажавме карактер и се вративме брзо во водство. Лично кога тренирам секогаш го давам максимумот, сега постигнав победнички гол па се надевам дека во следните натпревари ќе игра повеќе. Удинезе е квалитетен тим кој игра добар фудбал. Знаеме што сакаме и ќе продолжиме да ги радуваме фановите“, изјави Нестор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус ќе чека подолго? Јилдиз би можел да заигра дури во 2027 година

Закрепнувањето на Кенан Јилдиз оди побавно од планираното, а според „Ла Стампа“, неговиот …