Дома Фудбал Италија Несторовски призна: Одигравме разочарувачка сезона, немавме среќа со повредите

Несторовски призна: Одигравме разочарувачка сезона, немавме среќа со повредите

Репрезентативецот на Македонија, Илија Несторовски поради повреда нема да настапи за Македонија на Европското првенство ова лето.

Несторовски сега за италијанските медиуми ја опиша целата сезона на Удинезе. Сезонава Несторовски за Удинезе вкупно одигра 19 натпревари и призна дека и тој, но и целиот неговиот тим не ги исполниле целите поставени пред сезоната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сезоната ја опиша како разочарувачка.

„Не одигравме сезона каква што очекувавме. Сакавме повеќе да ги израдуваме нашите навивачи и да завршиме во првата половина на табелата. Сезоната ја завршуваме лошо поради неколкуте лоши резултати во завршниот дел. Финишот беше разочарувачки и сите сме разочарани што не успеавме да ги оствариме целите кои си ги поставивме“.

Како најголема причина за ваквата сезона Нестор ги означи повредата.

„Со повредите немавме среќа. Скоро сите мои играчи беа повредени. Мојата повреда беше на тренинг, а тиа повреди најмногу ве лутат. Се надевам на повеќе позитивни работи наредната сезона. Менталитетот ќе мораме да го смениме, мора да одиме на победа на секој натпревар“, изјави Несторовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …