Дома Фудбал Италија Несторовски по победничкиот гол со Фиорентина: Среќен сум, работа ми е да давам голови

Несторовски по победничкиот гол со Фиорентина: Среќен сум, работа ми е да давам голови

Репрезентативецот на Македонија, Илија Несторовски вчера постигна гол и донесе победа за Удинезе против Фиорентина.

Овој гол за Удинезе е и тоа како важен затоа што овој тим стигна до двоцифрена предност над опасната зона и сега се поблиску до обезбедувањето на опстанокот.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


За Несторовски ова беше втор гол во неговиот 15. настап. Во главно Нестор сезонава добива шанса од клупата, со исклучок на неколку натпревари кога на теренот се најде од првата минута.

„Секој гол е важен за мене, тоа ми е работа – да давам голови. Среќен сум што постигнав гол и што тој беше клучен за трите бода. Конечно после подолг период придонесов за тимот со гол. Победивме и освоивме важни три бода сега сме подалеку од опасната зона и ќе се дадеме се од себе до крајот на сезоната да ги оствариме нашите цели“, изјави Несторовски.

За овој гол Несторовски доби пофалби и од стратегот на Удинезе – Лука Готи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…