Дома Македонски спорт Несторовски за останувањето во Удинезе: Моите деца така одлучија, тука ни е преубаво!

Несторовски за останувањето во Удинезе: Моите деца така одлучија, тука ни е преубаво!

Илија Несторовски и покрај најавите за заминување на крајот одлучи да остане во Удинезе, а сега во разговор за италијанските медиуми откри дека клучната улога за останување ја одиграле неговите деца.

Во Удинезе Несторовски дојде во 2019 година како слободен играч од Палермо кој банкротираше таа година. Сепак, во Удине не ја повтори формата од Палермо, а во последната година и поради тешката повреда играше премалку.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Среќен сум што останав во Удинезе, останува во голем клуб. Моите деца се најзадоволни од ваквата одлука. Затоа ги прашав каде сакаат да продолжам, а тие ми кажаа: Удинезе, Удинезе! Сакаа да останам тука затоа што ни е преубаво“, изјави Несторовски.

Во новата сезона Удинезе ќе се надева на поголема минутажа кај новиот тренер Андреа Сотил.

„Повредата беше тешка и тешко беше да се влезе во ритам потоа, но сега почнуваме од почеток, полн сум со енергија и сакам на тренерот да му покажам дека може да смета на мене. Првите импресии од тренерот Сотил се позитивни. Има голема конкуренција и треба да се работи напорно. Нашата цел во новата сезона ќе биде да освоиме 40 бодови и што е можно побрзо да напредуваме“, изјави Нестор.

Од доаѓањето на новиот селектор Благоја Милевски Несторовски не е во репрезентацијата.

„Секако дека како и секој фудбалер и јас сакам да играм во репрезентацијата. Но не е само до мене, јас тренирам и сакам да се вратам. Дали тоа ќе се случи ќе видиме“, порача македонскиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…