Илија Несторовски во последниот период се поврзува со повеќе италијански клубови меѓу кои има и прволигаши и второлигаши.
Често се споменуваше Лече меѓутоа сега во игра за потписот на Нестор влегува и уште еден амбициозен тим, станува збор за Монца која како што е познато е во сопственост на поранешниот газда на Милан Силвио Берлускони.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Монца сака да го доведе Несторовски на позајмица до крајот на сезона. Во Удинезе откако се врати од повредата Несторовски е во втор план додека во Монца веројатно ќе добие можност да го води нападот.
Ќе потсетиме, Монца минатата сезона беше блиску до ангажман на Лука Станковски, но на крајот сепак тој трансфер не се реализираше поради административни причини.