Дома Македонски спорт Несторовски во сабота ќе се збогува со навивачите во Удине

Несторовски во сабота ќе се збогува со навивачите во Удине

Илија Несторовски во сабота за последен пат ќе биде пред навивачите во Удине како играч на Удинезе.

Несторовски во Удине помина три години, а сега му истекува договорот кој нема да биде продолжен. Според информациите на „Газета“ Несторовски може да добие шанса во првиот тим за достојно да се збогува од фановите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во следниот период ќе биде познат и клубот каде што Несторовски ќе ја продолжи сезоната, засега нестор се поврзуваше со неколку клубови од Серија А и Серија Б.

Член на Удинезе Несторовски е од 2019 година, а претходно настапуваше уште за Палермо, Интер Запрешиќ, ПОбеда, Словачко, Викторија Жижков и Металург. Во дресот на репрезентацијата зад себе има 46 натпревари и 10 постигнати погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…