Дома Фудбал Лига на шампиони Нереди во Париз: Навивачи на Ливерпул без влезница се обидувале да влезат на стадионот! 🎥

Нереди во Париз: Навивачи на Ливерпул без влезница се обидувале да влезат на стадионот! 🎥

Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид не започна во 21 часот како што беше планирано.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Големото финале што ќе се игра во Париз требаше да започне во 21 часот, но стартот беше oдложен за најверојатно 30 минути поради доцнењето на навивачите на Ливерпул.

Западната трибина каде што беа навивачите на Ливерпул не беше исполнета според очекувањата и организаторите на натпреварот решија да го одложат почетокот на финалето за 21:15 часот, а потоа и за уште дополнителни 15 минути.

Сето ова се случува поради нередите пред стадионот кои ги направија навивачите на црвените кои воопшто немаат билет за овој натпревар.

Тие без влезници се обидуваа да дојдат на трибината и направија големи проблеми на полицијата и обезбедувањето пред портите на стадионот. Наводно, дел од навивачите успеале да се пробијат и да влезат на стадионот без билет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Преди 10 години Меси се откажа од репрезентацијата на Аргентина. Останатото е историја

Пред точно 10 години Лионел Меси го шокираше фудбалскиот свет, објавувајќи го своето повле…