Јувентус игра очајно во новата сезона од италијанската Серија А. Тимот на Масимилијано Алегри има само два освоени бодови од 12, а по ремито со Милан (1-1), тренерот беше ептен нервозен.
Камерите го снимија 54-годишниот тренер како нервозно се движи кон соблекувалната и притоа пцуе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Да ве е*ам, па вие играте за Јувентус“, викаше нервозниот Алегри.
Алегри и на интервјуто беше нервозен затоа што наводно имало караница во соблекувалната по натпреварот.
Јувентус е очигледно во големи проблеми на почетокот на новата сезона, а шанса да стигнат до прва победа ќе имаат кај Специја.