Дома Фудбал Неочекуван одговор од Зидан: Нејмар не е сега примарна тема, но дали навистина пристигнува во Реал?!

Неочекуван одговор од Зидан: Нејмар не е сега примарна тема, но дали навистина пристигнува во Реал?!

Тренерот на Реал Мадрид максимално е сконцентриран на завршницата од сезоната, „Кралскиот клуб“во шпанското првенство се бори за второто место зад Барселона. Но, врвот на сезоната е сепак 26. мај кога во Киев, Реал игра во финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул. Но, се во Шпанија, а и пошироко ги интересира само едно…

Реал Мадрид во претпоследното коло од шпанското првенство во сабота, ја пречекува Селта, важен меч во кој Кралевите ќе се борат за втората позиција. Кристијано Роналдо е повреден и тренерот Зинедин Зидан ќе го чува за финалето во ЛШ. Но, до пресметката со Ливерпул има уште 14 дена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите всушност ги интересира само една информација, пристигнува ли Нејмар во Реал? И ако пристигне, како ќе се вклопи на теренот со Кристијано Роналдо.

„Нејмар и Роналдо сигурно би можеле да играат заедно. Добри играчи како нив секогаш можат да играат заедно“, истакна Зидан, а за ова тврдење посочи и еден пример:

„Се сеќавам дека истото го зборуваа за мене и Џокаеф, дека не можеме да играме заедно. Каква глупост, им покажавме на сите дека во нашата игра има визија“.

Во ред, Роналдо и Нејмар можат заедно на теренот во ист тим. Но, значи ли тоа дека дефинитивно Нејмар пристигнува во Реал?

„Лично не знам дали клупските челници преговараат со Нејмар“, внимателно одговори Зидан и додаде:

„А не сум се слушнал ниту јас со Нејмар…“

Некои се сомневаат дека неговото пристигнување би можело да внесе немир во соблекувалната на Реал, нешто слично што се случи кога Бразилецот пристигна во ПСЖ?

„Не е ова време да се расправа за такви работи, чинам дека некој преку Нејмар сега сака да внесе немир во нашата соблекувална. Нема тоа да го дозволам“, одлучно одговори Зидан.

На сите им е јасно дека таквите големи трансфери се работат во тајност, никој не е луд да признае дека преговара со најскапиот фудбалер на светот, особено што сезоната се уште не е готова. Реал го чека финалето во ЛШ, Нејмар во овој момент не е најважна тема.

„Да го почекаме крајот на сезоната, се надевам дека се ќе заврши во наша корист, па останатите теми ќе стапат на сила. Да го пуштиме Нејмар, ние мораме да се подготвиме за финалето во ЛШ“, заклучи францускиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…