Барселона во вчерашниот натпревар стигна до необичен рекорд во Лигата на шампионите или подобро кажано стигнаа противниците на Каталонците.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, ниту еден клуб до сега немал толкава помош од своите противници во елитното натпреварување.
Барса со убедливи 4:1 ја победи Рома, но два од четирити погодоци си ги постигнаа фудбалерите на „волчицата“ Де Роси и Манолас и тоа беа првите два погодоци.
Со вчерашните автоголови на Рома се дојде до бројката од пет погодоци кои противниците на Барселона си ги постигнуваа сами. Само Меси постигна повеќе – шест погодоци.
2 – Barcelona top-scorers in the Champions League this season:
6 – Lionel Messi
5 – Own goals
Update. https://t.co/ufdptWQEdt— OptaJose (@OptaJose) April 4, 2018
Дека не се работи за случајност, потврдува и статистиката од Ла Лига. Противниците на Барселона во Ла Лига често пати сами ја погодуваат својата мрежа. Барселона е тимот кој најмногу профитираше од автоголови оваа сезона, на тој начин стигнаа до три првенствени погодоци, исто како и минатата сезона, а ниту еднаш фудбалерите на Барселона не ја погодиле сопствената мрежа.