Дома Останати Ракомет Ненадиќ е голем ракoметар: Шампионски трофеј и покрај толку проблеми – секоја чест за Вардар!

Ненадиќ е голем ракoметар: Шампионски трофеј и покрај толку проблеми – секоја чест за Вардар!

Еден од најдобрите ракометари и ѕвезда на Веспрем, Петар Ненадиќ, како вистински спортист со голем карактер, имаше само пофални зборови и честитки за противникот Вардар кој во шампионското финале го совлада неговиот клуб.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Поради фактот што дефинитивно станува збор за голем спортист со карактер, но и поради фактот дека во Вардар има многу блиски пријатели, па е запознат со финансиските проблеми и турбуленции на клубот, Ненадиќ „им симна капата“ на црвено-црните и честита како ретко кој противник.

„Честитки за Вардар и за Македонија за победата, имам многу пријатели во тој клуб. Мислам дека натпреварот го загубивме во првото полувреме, не одигравме на нивото на коешто требаше. Во второто полувреме дојдовме до еден-два разлика, но не успеавме“, вели Ненадиќ.

„Вардар имаше навистина неверојатна сезона, низ сѐ што поминаа, и покрај сите проблеми што ги имаа, да го освоиш овој трофеј… секоја чест“, со многу емоции ракометарот на Веспрем го кажа ова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер го има голот на сезоната во ЛШ! (Видео)

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го избра најатрактивниот погодок во Лигата на шампио…