Дома Фудбал Ненадејна допинг контрола во Барселона

Ненадејна допинг контрола во Барселона

Шпанската агенција за заштита на здравјето и спортот утрово направи ненадејна посета на спортскиот центар на Барселона, објави клубот од „Камп Ноу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шестмина фудблери по случаен избор беа избрани да дадат крв и урина. Станува збор за Сержи Роберто, Нелсон Семедо, Томас Вермален, Денис Суарез, Рафиња и Малком.

Тоа е најновата информација која пристигнува од каталонскиот клуб, заедно со фактот дека Луис Суарез тренираше одделно. Уругваецот беше на детални медицински прегледи поради болките во коленото кои покажаа дека не станува збор за потешка повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…